Влажниот циклон останува и викендов над Македонија, врнежливо а на места и невреме

Циклонската активност во Македонија ќе се задржи и за време на овој викенд, па така и времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и со засилен ветер.

Локално можна е  и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава град.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23  и 24 степени.

Апелираме, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk