Мицкоски најави ваучери од 250 евра за студентите

0
11

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите.

– ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина и нашата надеж, нешто во што мора да се инвестира. ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија ќе реализира низа на мега проекти. Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден, истакна Мицкоски.