Познатата салама итно повлечена од пазарот во Хрватска поради пронајдена бактерија!

Државниот инспекторат на Република Хрватска ја повлече саламата од пазарот поради пронајдена бактерија во неа.

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги известува потрошувачите за отповикување на производот:

Самоборска салама, ЛОТ 00050125.09.2024 година, со рок на употреба 23.01.2025 година, поради утврдената бактерија Listeria monocytogenes.

Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 2073/2005 од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна.

Производител: Месница Прелец д.о.о., Аугуста Харамбашица 42, 10434 Стрмец Самоборски, објавена на веб-страницата hapih.hr