Застрелани 20 рудари во Пакистан

0
16

Дваесет рудари се убиени од вооружени лица во југозападен Пакистан. Повредени се и седум лица, соопшти полицијата во провинцијата Балучистан.

Тешко вооружени напаѓачи доцна синоќа по локално време упаднаа во сместувачките капацитети во рудникот за јаглен. Тие ги собрале мажите и отвориле оган врз нив. На рудникот истрелале и ракети и гранати. Повеќето од жртвите се Пакистанци, тројца од загинатите и четворица од повредените се од авганистанска националност.

Немири

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот. Во Балучистан со години има немири поради сепаратистичките групи. Најголемата пакистанска провинција има природни ресурси како нафта, јаглен, гас, бакар и злато, но е и најсиромашна покраина. Според народот на Балу од регионот, овие ресурси ги презема централната власт.

Покраината е дом и на исламски екстремисти, кои често вршат напади врз припадниците на шиитското малцинство.

Минатиот понеделник, двајца кинески работници загинаа во голема експлозија во Карачи. Борбената група наречена Ослободителната војска на Балучистан соопшти дека го извршила нападот. Кинеската амбасада во Пакистан го нарече терористички напад.

извор:НОС Холандија