Јордан Митев и сопругата го прославија првиот роденден од ќеркичката

Лани по 6 години брак стана татко, денеска ја дувнаа првата свеќа

Познатиот фолк-пејач Јордан Митев минатата година стана татко по шест години брак, а сега со ќеркичката ја дувнаа и првата свеќа.

Митев објави фотографијата на која позира со малата Кристина и сопругата Славица. Под неа напиша емотивна честитка и за неколку часа доби преку 13.000 лајкови.

„Среќен први роденден ќерко! Биди ни жива и здрава, Господ секогаш нека биде со тебе, нека те чува, нека те води и нека те дарува со сите убавини на овој свет!“, напиша тој.