Мртви и повредени во терористички напад во Турција

0
20

Двајца терористи кои го нападнале седиштето на компанијата во близина на Анкара се убиени, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Меѓу повредените 14 лица, тројца се во критична состојба.

Градоначалникот на регионот Кахраманказан, Селим Чирпаноглум изјави за АП дека нападот се стишал, но не знаеше повеќе детали.

Нејасно е кој стои зад нападот. Во минатото Турција беше цел на напад на курдски милитанти, Исламска држава и левичарски екстремисти.

Турските медиуми јавуваат дека групата напаѓачи пристигнале до влезот во компанијата со такси, за време на смената на безбедносниот персонал. Најмалку еден од напаѓачите детонирал бомба, додека останатите успеале да влезат во комплексот.

Тусас дизајнира и произведува цивилни и воени летала, дронови и други системи.

На безбедносните камери од нападот се гледа човек во цивилна облека кој држи автоматска пушка. Најмалку една жена, исто така со автоматско оружје, била меѓу напаѓачите.

По влегувањето на турските безбедносни сили во комплексот се слушаат пукотници. Хеликоптери го надлетуваат седиштето на компанијата.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, во телефонски разговор, му изразил поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој се наоѓа во рускиот град Казан на самит на БРИКС.

Сочуство за нападот, Ердоган примил и од рускиот претседател Владимир Путин.

 

DW