Пред клучните избори, Бугарија ги укинува прифатилиштата за деца бегалци

Планот за сместување на 20 деца бегалци без родители во Софија е отфрлен откако претставници на екстремната десница го претворија во предизборно прашање пред парламентарните избори овој викенд

Официјални лица во Софија пред неколку месеци разговараа и ги одобрија плановите за создавање две прифатилишта за сместување на само 20 деца бегалци кои завршија во бугарскиот главен град без родители, роднини или семејство.

Но, со парламентарните избори подоцна овој месец, екстремно десничарските политички сили почувствуваа можност не само да ги демонизираат мигрантите, туку и да освојат политички поени со истомисленици.

Тие брзо организираа протести во Софија, тврдејќи дека наместо две мали прифатилишта за деца без придружба, властите планираат да изградат огромни бегалски центри во кои ќе бидат сместени стотици мигранти во бугарскиот главен град.

Иако негодувањето беше засновано на лаги, а одзивот на протестите беше релативно слаб и во голема мера изолиран на работ на политичките случувања, очигледно беше доволен да се убие проектот за сместување на бегалците.

 

slobodnaevropa.mk