Преминување на улица додека семафорот свети црвено во Њујорк стана официјално легално. Законот кој тоа го овозможува стапи на сила, откако градоначалникот Ерик Адамс не стави вето во за тоа предвидениот рок. Според законот, пешаците во Њујорк сега смеат да преминуваат улица кога и каде сакаат, без притоа да ризикуваат плаќање казна. Досега тоа беше забрането и оној кој ќе направеше таков прекршок во Њујорк беше соочен со казна до 300 долари (околу 275 евра). Но, во реалноста, пешаците не се придржуваа до прописите речиси никогаш, а и полицијата интервенираше многу ретко.
DW