Анталија, една од најпопуларните туристички дестинации во Туркије, овој викенд на голем број жители и туристи им овозможи да го искористат сончевото време за да пливаат во Средоземното Море, известува Анадолу.
Температурата на воздухот во неделата беше 29 степени Целзиусови, а морето околу 25 степени, поради што многумина решија овој викенд да го поминат на познати плажи и паркови.
Многу капачи максимално го искористија сончевиот ноемвриски викенд пред да пристигнат студените денови.
Метеоролозите најавуваат дека максималната температура на воздухот во понеделник би можела да достигне до 26 степени.
Анталија е град кој се наоѓа на југозападниот медитерански брег на Туркије. Градот има медитеранска клима и е позната туристичка дестинација.
Градот е познат како најголемото меѓународно летувалиште во Туркије.
Оваа година со авион во Анталија пристигнаа над 10,6 милиони туристи. Најмногу туристи пристигнаа од Русија, Германија и Велика Британија.
Анталија се издвојува по прекрасното море, песокот и бројните историски и туристички објекти.