Заедно со ЈП „Билјанини извори“ донесовме одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираме онаму каде што тоа е најпотребно. Во овој момент проценивме дека овие средства им се најпотребни на двајцата наши сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба.
Вкупно собрани средства од хуманитарните паркинзи се 80.000 денари, а на нашите сограѓани ќе им бидат донирани по 40.000 денари. Воедно тука сакам да испратам и апел до сите оние кои се во можност да се приклучат кон повиците за донација и во рамките на нивните можности да донира.
Go fund me линкови каде може да донираат и оние кои во моментов се надвор од Македонија,
Лулзим Демирали – https://www.gofundme.com/…/fundraising-for-lifesaving…
Алпај (Џани) Муфти – https://www.gofundme.com/f/apel-per-ndihme-allpaj-27-vjec…
Во април годинава, исто така извршивме донација на собраните средства кои беа во износ од 62.420 денари на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.
Ги повикувам граѓаните и гостите во Охрид што повеќе да ги користат овие паркинг простори, бидејќи на тој начин индиректно помагаат таму кај што има најголема потреба.
-пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.