Божиќните панаѓури во Германија вообичаено се отвораат на крајот на ноември, но сѐ повеќе панаѓури ги отвораат своите порти сѐ порано. Во текот на викендот, во населбата Штеле во Есен се отвори панаѓурот (на оваа фотографија) кој ќе трае невообичаено долго – до 5 јануари! Организаторите сметаат со повеќе стотици илјади посетители.
Панаѓурите кои имаат божиќен карактер, а се отворени многу рано, честопати носат неутрални имиња како „зимски панаѓур“ или „зимско село“. Пред два дена беа отворени и божиќни панаѓури во Хамбург и на Потсдамерплац во Берлин.
DW