Грчката крајбрежна стража извлече тела на 4 илегални мигранти близу островот Родос

Грчката крајбрежна стража пронајде тела на четворица илегални мигранти откако чамец потона недалеку од островот Родос во Егејското Море, пренесува Анадолу.

Нерегуларните мигранти, меѓу кои тројца мажи и една жена, се удавиле откако нивниот чамец потонал, објави телевизијата Си-ен-ен Грција.

Полицијата соопшти дека пронашла уште 25 нерегуларни мигранти кои го преживеале потонувањето на чамецот и успеале да допливаат до брегот.

Во меѓувреме, во тек се операции за пребарување и спасување за лоцирање на евентуални исчезнати нерегуларни мигранти, објави телевизијата.

 

извор: Анадолија