Зеленски потпиша два нацрт-закона за продолжување на воената состојба на Украина и за мобилизација

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес потпиша два нацрт-закона за продолжување на воената состојба во земјата и за мобилизација, јавува Анадолу.

Според онлајн порталот на Врховната Рада, парламентот на земјата, статусот на двата нацрт-закони е ажуриран што укажува дека тие се примени со потпис на Зеленски.

Со потпишувањето на двата нацрт-закона, воената состојба и мобилизацијата во Украина се продолжени за уште три месеци, односно до 7 февруари 2025 година.

Зеленски ги поднесе двата нацрт-закона до парламентот на 28 октомври, а по еден ден беа усвоени од Врховната Рада.

Украинскиот претседател првпат прогласи воена состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година кога Русија започна, како што вели, „специјална воена операција“ во Украина.

Оттогаш мерките беа многупати продолжени.

 

извор: Анадолија