Пронајдени се и двете изгубени дечиња во Скопје

Во Скопје денеска биле пронајдени и вратени на родителите две загубени деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и не зборувало, според информациите на МВР, било пронајдено во 11:50 часот на улица „Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народната банка.