Марко Маринковиќ-Слаткар и Next Time ги здружија силите за нова музичка соработка.
Популарниот рапер и браќата Мартин и Стефан ја снимија песната „Океани“, а сега ја објавија заедно со спотот.
„После 10 години се враќаме на сцена со нова авторска песна!Заедно со Слаткар направивме една многу интересна песна искомбинирана од повеќе музички стилови. Останува да слушнете и процените, се надеваме ќе допре до сите!“ – пишуваат Next Time.