Шпанците бараат оставки поради бавниот одговор на владата на поплавите

Десетици илјади Шпанци излегоа на протестен марш на 9 ноември низ Валенсија, на истокот на земјата. Тие бараат оставка од регионалниот претседател кој го сметаат за одговорен за задоцнетиот одговор на минатонеделните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а многу други се водат како исчезнати.

Група демонстранти се судри со специјалната полиција пред градското собрание во Валенсија, каде демонстрантите го започнаа својот марш до седиштето на регионалната влада. Полицијата употреби палки за да ги притисне назад.

Регионалниот лидер Карлос Мазон е под огромен притисок откако неговата администрација не испрати навреме предупредувања до мобилните телефони на граѓаните, а тие пристигнаа само неколку часа по почетокот на поплавите, ноќта на 29 октомври.

 

slobodnaevropa.mk