Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските превои Стража, Маврово и на Плетвар, а на Ѓавато до 100 метри. Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, соопшти ЈП Македонија пат.
Според извештајот од 18 часот, сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
JП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведуваат од Јавното претпријатие.