Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег.
Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час.
Снег ќе го поркие речиси целиот Балкан следната седмица, а што се однесува до Македонија, истиот ќе го има особено на повисоките места и на планините, но од средината на седмицата, поточно од четврток 21.11.2024 повремен снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во западните и во северните предели. Можно е помало формирање на снежна покривка и во пониските места во Македонија.
Во следните мои метео објави следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу оваа огромна промена на времето која не очекува во текот на новата седмица, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.