Познато е, додава, дека нашата општина има голем број туристички атракции кои треба секој да ги посети.
Природата ни дарила многу богатства и убавини кои ги надополнуваат културно- историските споменици и божји храмови, што ни ги оставиле во наследство вредните раце на мајсторите. Кој ја посетил оваа област посакал повторно да дојде. Порачувам дека добредојдени се сите, посочува Колефски.
Вели дека на саемот учествувале три дена каде имале одлична можност да ја промовираат, како што вели, нашата прекрасна Преспа.
vesnik-ilinden.com