Стојан Велјаноски некогашен раководител на Даночно одделение Охрид при Регионалната дирекција на УЈП Битола, во интервју за NEWS 1 ја коментира одлуката на Советот на општина Охрид, со која се даде зелено светло Општината да се задолжи кај комерцијалните банки 5.000.000,оо евра со цел да ја одблокира сметката и целосно да го исплати долгот на општината.
Стојан Велјаноски: Во поновата историја раздолжувањето на општината и одблокирање на сметката е најголемата инвестиција што се случила во општина Охрид.Во последните три години за тоа е инвестирано околу 25.000.000,оо евра или околу 1.500.000.000,оо денари.Владата предводена од Заев во оваа работа финансира дирекно 9.000.000,оо евра и 7.000.000,оо евра превзеде од општината или вкупно Владата на Заев со 16.000.000,оо евра учествуваше во исплата на обврските што ги имаше општина Охрид.Останатите 9.000.000,оо евра,во послените три години од буџетот на општина Охрид беа исплатени околу 4.000.000,оо евра и со кредитот околу 5.000.000,оо евра имаме целосна исплата на долгот и одблокирање на сметката на општина Охрид.Во оваа прилика упатувам честитки до премиерот Заев,Градоначалникот Константин Георгиески и советот на Општината.
NEWS1: Каде ја гледате добивката на општината од оваа работа?
Стојан Велјаноски: Општина Охрид добива по два основа.Прво-наместо да плаќа Законски затезна камата од 11% ќе плаќа околу 5% бидејки на долгот општината плакаше камата од 11 проценти а на кредитното задолжение 5 проценти.Второ-општина Охрид не беше во можност самостојно да ги планира Буџетските приходи и расходи а особоно поголеми капитални инвестиции бидејки трошковниот дел од буџетот со судсто решение беше отраничен на 50.000.000,оо денари.Со одблокирана сметка општината покомотно може да ги планира буџетските приходи и расходи а особено капиталните инвестиции.
NEWS1: Партиите застапени во советот на општината имаа различни приоди кон задолжувањето на општината Охрид со комерцијален кредит од 5.000.000,оо евра
Стојан Велјаноски: Одсекогаш имало разлики додека Владата на Заев финансира средства за исплата на обврски со цел одблокирање на Буџетот,владата на Груески криминално заради лични интереси и цели го парчосуваше Буџетот на општина Охриде.Ќе наведам само еден пример од многу примери.Околу 2011 година Гранит имаше поднесено неоснована тужба кон општина Охрид со која бараше да се исплатат три-четири милиони евра.Основен суд Охрид и апелационен суд Битола ја отврлија тужбата како неоснована.Влијателни членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ подпомогнати од нивни бизнисмени ,за сво лични интереси и цели извршијапритисок и поткуп кај еден Верховен судија(пред пензија)да го преиначи решението од основен суд Охрид и апелационен суд Битола.Така да Општина Охрид беше задолжена со нови 3-4 милиони евра а тие ги исполнија своите апетити и ги остварија своите лични интереси.
NEWS1: Опозицијата излезе со општение дека општината ги задолжуава граганите на Охрид и целиот терет на кредитното задолжување ќе падне на терет на граганите на Охрид?
Стојан Велјаноски: Не се разбираат за ништо и само мрчорат оставете ги.За благодетите што ги има општина Охрид спомнав предмалку.Со измените на Законот на Данок на имот теретот на кредитното задолжение ќе падне врз побогатите грагани и врз сопствениците на викенд станови и вили.Имено со исмените на Законот за Данок на имот кој влегува во сила од 01.01.2022 година сопствениците на викенд станови и вили ке плаќаат данок на имот за три пати поголем од она што го плаќаа до сега.Само од овој имот општината треба да инкасира 1.200.000,оо на годишно ниво.
NEWS1: Вашата политика определба?
Јас Стојан Велјаноски сум член на ВМРО-НП и активно учествувам во комисијата за Финансии и Буџет и на државно и на локално ниво.ВМРО-НП е најдемократска партија и прифаќа сугестии и мислења од сите и врз тоа гради ставови а изградените ставови на ВМРО-НП се Закон за мене.