More

    (ФОТО) Македонецот Давид Влајковски главна улога во популарниот француски историски документарец „SECRETS D’HISTOIRE“

    Давид Влајковски македонец кој живее и работи во Франција. По професија фитнес тренер, а сега се пробива и во актерските води. Мирен, харизматилен позитивен. Потврда дека кога се сака и кога се работи, успехот е неизбежен. Давид својата тајна на успех ја открива за  Lifestyle.

    Lifestyle:  Давид, ти си Битолчанец, но животниот пат те однел во Франција. Живееш во Париз и твојата професија не е актерство, а сепак си дел од актерска екипа. Може ли да ни одгатнеш, зошто во Франција и како се случи да играш во серија?

    Давид Влајковски: Роден сум во Битола и да животниот пат на 20 години ме однесе во франција, Париз каде живеам веќе 7 години. Во Франција заминав поради тоа што имам фамилија таму и француско државјанство.

    Lifestyle:  Може ли да ни одгатнеш нешто за серијата, за улогата, за актерската екипа, но и за искуството кое го стекна?

    Давид Влајковски: Во Франција најпрво почнав да работам како фитнес тренер, но паралелно со тоа и со манекенство. Имам учествувано на повеќе проекти како што е и популатниот француски историски документарец „SECRETS D’HISTOIRE“. Бев предложен од мојата агенција „HOURRA Models“ по што бев избран на кастингот. До сега учествував во две епизоди.

    Првата: Agrippine: tu seras un monstre, mon fils…   каде го играв главниот лик, синот на Aggripina, Neron.

    Втората: Néron, le tyran de Rome, каде сум главна улога и повторно за Neron. 

    Овој документарец има милионска гледаност во Франција.

    Lifestyle:   Доколку добиеш понуда дали би продолжил со актерство?

    Давид Влајковски: Искуството беше феноменално. Токму поради тоа имам огромна желба повторно да го глумам. Сеуште сум во контакт со екипата и со продуцентот од „ Secrets D’Histoire“. Сега се подготвуваме за новата историска серија и театар каде ќе учествувам.

    Lifestyle:  Ти си професинален фитнес тренер. Со оглед на пандемијава имаше застој и во спортувањето. Се враќа ли полека „нормалата“ во Франција?

    Давид Влајковски: Уште кога се преселив во Франција веднаш се посветив на бодибилдингот. Имаше застој, да, но сега кој сака може да вежба секако под одредени протоколи.  Јас одлучив и да се натпреварувам. Го освоив првото место на купот на Македонија во категорија за сениори  од каде се пласирав  на балканското првенство во Романија и успешно ја претстставував нашата држава освојувајќи 4 то место во големата конкуренција. Ви сакал да искажам огромна благодарност со мојот тренер Божидар Пецаковски и до моите спонзори: Fitness Paljo i Hardcoreshop. 

    Lifestyle:  Би се вратил ли да живееш во Македонија? Која е твоја неостварена желба и планови за периодот кој што следува?

    Давид Влајковски: Веќе една година сум во Македонија поради ситуацијата, а воедно започнав мал бизнис со мојот брат во Битола, имаме сендвичара за такоси „BON TACOS“. Се недевам во септември да се вратам повторно во Франција и да се посветам максимално на актерството и ги оствариме новите проекти со продукцијата од „Secrets dhistoire“. Македонија секако често ја посетувам имајќи бизнис тука, па се надевам и да се прошириме во повеќе градови во Македонија.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img