Ковачевски да се произнесе за потребата за писмени гаранции за јазикот и историјата за заштита на идентитетот во преговорите со Бугарија. Ковачевски да побара писмени гаранции дека Бугарија нема да ја оспорува македонската јазична посебност, идентитет и историја, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото од партијата додаваат:
Дополнително државата треба да добие гаранции од Брисел дека нема да има дополнителни пречки на нашиот пат кон ЕУ.
Ковачевски да не ја става државата во подредена положба, и да побара гаранции со што ќе се заштити Македонија, идентитетот, јазикот и историјата.
Се друго кое оди наспроти овие принципи е штетно за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати.