More

    294 сообраќајни прекршоци во Скопје, 141 санкција за прекршоци што ги прават пешаците

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

    На територија на град Скопје изречени се вкупно 294 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 96 санкции, 141 мерка за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).
    Изречени се 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, 37 за непрописно паркирање.

    Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img