More

    Македонски автобус целосно изгоре во подметнат пожар во Германија

    Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгоре во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, а сопственикот Станко Цонев се сомнева на нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија.

    Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани полицајци и цариници коишто ја штитат – вели Цонев за „Експрес.мк“.

    Цонев веќе 11 години се занимава со овој бизнис и од Нова година се вратил со семејството од Италија со намера да работи од Македонија. Има девет автобуси и 15 вработени возачи, повеќето од пропаднатата „Македонија сообраќај“.

    Неговата компанија вози и до Италија и сака да се прошири, но, Цонев вели дека тешко ќе успее во тоа, бидејќи како што истакнува, „во нашата држава ништо не функционира“.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img