Никола Тодоров „сечен, лепен и монтиран“ во реклама за лек против габа на нозете

Фотографии на кои е поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и текст во кој се тврди дека тој препорачува одреден лек за габи кои се појавувале на нозете и биле смртоносни, кружи по социјалните мрежи на еден електронски портал.

На фотографиите наводно Тодоров во рака го држи лекот, наводно гостувал на Телевизија и апелирал народот да се лечи со наводниот лек.

Во насловорт Тодоров е наречен „државник“.

Најверојатно станува звбор за злоупотреба на поранешниот минситер и малку е веројатно дека Никола Тодоров станал „заштитно лице“ на лек за смртоносна габа која напаѓа нокти, но вреди да се потсетиме дека сепак неверојатни работи се случуваат и да видиме како тој додека беше министер на хирурзите во болницата во Охрид им објаснуваше како „пробал лично да прави операција, со некоја опрема со која се оперирало како да играш видео игра“, а хирурзите „воодушевено слушаа за ова чудо“.

https://youtu.be/synfIs1pPZA