More

    ВМРО ДПМНЕ: Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени, СДСМ да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

    Ова СДСМ што нуди е гола лага, бидејќи минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување. Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени. Општ раст на платите е потребен заради лошите економски мерки на СДСМ и инфлацијата која ја предизвикаа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

    Во истото од партијата додаваат:

    Народот е се посиромашен и потребно е покачување на платите со цел граѓаните да не ја почувствуваат кризата.

    ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе амандман на Законот за минимална плата со кој се предвидува усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе достигнат 45 илјади денари. Раст на платите ќе има и на административно техничкиот персонал. ВМРО-ДПМНЕ поднесе и предлог за покачување на пензиите за 20%.

    СДСМ ако мисли добро за граѓаните, да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    20.8 ° C
    20.8 °
    20.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Sat
    36 °
    Sun
    32 °
    Mon
    24 °
    Tue
    29 °
    Wed
    19 °
    spot_imgspot_img