Собранието изгласа покачување на минималната плата на 18.000 денари

0
362

Со 90 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија едногласно ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои минималната плата ќе се покачи од 15 на 18 илјади денари.

Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници да земат покачена плата веќе од април. Во првата година државата ќе ја покрива разликата помеѓу досегашниот и новиот износ на придонеси, за што од Буџетот ќе се издвојат околу 16 милиони евра.

„Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност. Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно. Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел. Сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина“, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по изгласаниот закон.