More

    Џонсон: Британија ќе им обезбеди азил на Зеленски и на членовите на украинската администрација доколку ја напуштат земјата

    Обединетото Кралство ќе биде подготвено да ги обезбеди потребната поддршка и азил на членовите на украинската администрација и на претседателот Володимир Зеленски доколку донесат одлука да ја напуштат земјата, изјави денеска британскиот премиер, Борис Џонсон.

    „Секако дека сме подготвени да ја обезбедиме потребната поддршка, логистичка или која било друга. Британија секогаш го правела тоа. Токму тоа му го кажав на Зеленски утринава ако тој и владата имаат потреба од засолниште“, истакна Џонсон во своето обраќање пред пратениците во британскиот Парламент.

    Во текот на ноќта ескалира кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална воена акција, а потоа низ Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набргу објави дека почнала инвазија на нејзината територија.

     

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img