More

    СЗО предупредува дека понатамошната ескалација по руската воена операција во Украина може да резултира со хуманитарна катастрофа

    Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека понатамошната ескалација по руската воена операција во Украина може да резултира со хуманитарна катастрофа.

    Секоја понатамошна ескалација може да резултира со хуманитарна катастрофа во Европа, вклучувајќи значителен биланс во однос на жртвите, како и дополнителна штета на и онака кревките здравствени системи – се вели во соопштението на регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

    Од СЗО оценуваат дека ситуацијата е особено загрижувачка во контекст на пандемијата на корона вирусот и тековната епидемија на полио во земјата.

    Здравствените работници, болниците и другите установи никогаш не смеат да бидат цел и треба да им се дозволи да продолжат да им служат на здравствените потреби на заедниците. Заштитата на цивилите е обврска според меѓународното хуманитарно право – велат од регионалната канцеларија на СЗО.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img