Чешка, Полска и Бугарија забранија прелет на руски авиони

0
618

Русија доби официјално известување од Бугарија, Полска и Чешка дека на руските авиони им е забранет влез во воздушниот простор на тие земји, јавија руските медиуми.

Според московски медиуми, Русија сега планира понатамошни активности.

-Бугарија, Полска и Чешка испратија известување за забрана за користење на нивниот воздушен простор (за руски авиони), така што сега ги разгледуваме нашите идни дејствија“, наведе извор од воздухопловните руски власти.