More

    „Северен тек“ продолжи со работа, рускиот гас тече слободно кон Германија

    „Северен тек“ е заеднички проект на рускиот Гаспром и германската компанија Винтершел, а помали акционери се фирми од Франција и Холандија.

    Германскиот енергетски оператор Е.ОН, одби да го затвори за работа гасоводот „Северен тек“, предвидено со пакетот санкции кон Русија донесен по воената инвазија на војската на оваа земја на Украина.

    „Северен тек“ е заеднички проект на рускиот Гаспром и германската компанија Винтершел, а помали акционери се фирми од Франција и Холандија.

    – Се работи за одобрен гасовод, кој работи со полна пареа – објавија од Е.ОН во врска со „Северен тек“.

    Германската влада по избивањето на војната во Украина, ја запре сертификацијата на „Северен тек 2“, кој веќе со месеци чека на дозволата за работа.

    Претходно од Москва предупредија дека затворањето на руските гасоводи кои водат кон Европа, ќе предизвикаат дуплирање на цената на гасот.

    plusinfo

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img