Кенија тестира нови фотоволтаични панели кои освен што ќе произведуваат енергија, ќе обезбедат и храна

0
514

Мултинационалниот тим на научници е подготвен за тестирање на нови фотоволтаични панели во Кенија, со намера да помогнат во производството на електрична енергија, но и да обезбедат храна. Претходно, било спроведено тестирање во времетраење од една година и резултатите биле охрабрувачки, па сега очекувањата се уште поголеми.  Фотоволтаиците се одлично решение за обезбедување ан електрична енергија на оддалечени подрачја, но нивната инсталација бара уште еден клучен ресурс покрај Сонцето, а тоа е земјиштето. Со оглед на климатските промени и растечката потреба на популацијата за храна, од особена важност е да се задржи обработливото земјиште.

Сега, новата техника – агриволтаика, овозможува постигнување и на двете цели. Панелите можат да се  поставуваат на обработливо земјиште, но на начин кој ќе обезбеди доволно растојание од посевите. Дополнително, утврдено е дека на овој начин, всушност им се обезбедува и заштита на културите од директната изложеност на UV зрачењето, што резултирало и во подобри приноси и подобар квалитет особено кај зелката, доматот и зелената салата. Освен тоа, забележана е и значителна заштеда на вода. Под панелите сега може да се одгледуваат и култури кои претходно не успевале во Кенија. Целта на научниците е оваа технологија да ја прошират низ цела источна Африка.

 

извор/фото: агенции