More

    182 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

    Во текот на вчерашниот ден (28.02.2022) во периодот од 14.00 до 18.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 182 пешаци од кои, 162 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 14 за минување на црвено светло… Од нив 70 на територија на СВР Скопје, 26 на територија на СВР Штип…

    За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци.

    Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img