Џиновскa печуркa пронајденa во атарот на делчевските села

Дождот кој пред неколку дена го зафати делчевскиот регион повторно придонесе за зголемена појава на печурки. Собирачите на печурки велат дека појавата била изразена за викендот, особено во атарот на селата кои се наоѓаа во долниот тек на река Брегалница, а во текот на денешниот ден е пронајдена џиновска печурка тешка околу 1,7 килограми, објави vecer.press.

– Ги има претежно во шумите кои изобилуваат со дабови насади. Таму може да се сретнат вргањ и лисичарка. Мене денес ме послужи среќата да најдам печурка тешка 1.670 грама, што е една од поголемите кои ги имам пронајдено годинава, вели собирачот на печурки, Валери Цветковски од делчевското село Стамер.
Сепак, како што додаваат откупувачите на печурки, поради долготрајниот сушен период во месец мај, годинава е послаба од минатата година.

извор: vecer.press.

фото: vecer.press.