Во „Биотек“ просечната плата е 2.000 евра, „Промедика“ го прави најголемиот профит: Како работеле другите веледрогерии?

0
415

„ПАРИ“ АНАЛИЗА | Пандемијата ги зголеми приходите кај веледрогериите. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните приходи се зголемиле во 2020 година во однос на 2019 година, за да потоа тој тренд продолжи и во 2021 кога направиле уште поголем промет со лекови и медицинаски материјал во однос на 2020 година. Така, во 2021 година, само кај трите најголеми веледрогерии по промет: „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ се платени 187,2 милиони евра. Во 2020 година кај нив се слеале 174,5 милиони евра.

Најголемите компании по приход не биле и најголеми добитници во однос на профитот. Порталот „Пари“ аналзирајќи ги бројките за веледрогериите, наиде на еден особено интерсен податок за висината на платите во двете веледрогерии кои имаат најголема добивка. Тие не само што даваат солидни и многу надпросечни плати, туку и во 2021 година значително ги зголемиле платите во однос на 2020. Така, лани просечна плата во „Промедика“ била 102.547 денари, а во „Биотек“ 127.121 денар.

Веледрогерии кои отскокнуваат со платите

ВЕЛЕДРОГЕРИЈА ПРОСЕЧНА ПЛАТА 2021 ВРАБОТЕНИ ВО 2021 ПРОСЕЧНА ПЛАТА 2020 ВРАБОТЕНИ ВО 2020
Биотек 127.121 56 52.532 54
Промедика 102.547 92 77.717 90

*во денари

Веледрогериите „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ„ и минатата година останале компаниите преку кој здравствениот систем најмногу се снабдува со лекови и друг медицински материјал, како што тоа било и во 2020 година.

Но, од податоците може да се види дека иако „Зегин“ ги зголемил приходите за 2,47%, со што реализрал промет од дури 73,8 милиони евра, имал значаен пад на добивката од 30,2%, па така најголемата веледрогерија направила профит од „само“ 223.000 евра во 2021 година.

Пад на добивата има и кај „Еурофарм“ , иако и оваа веледрогерија го зголемила прометот за 4,3%, реализирајќи 49,6 милиони евра. Добивката на „Еурофарм“ во 2021 била намалена за 3,36% и изнсувала 1,35 милиони евра.

Од првата тројка по приход, со раст на добивката може да се пофали само „Македонијалек“. Веледрогеријата во 2021 година во однос на 2020 година го зголемила приходот за 15,4% и инкасирала 63,8 милиони евра, а добивката ја зголемила за 17% и ја искачила на 1,4 милиони евра.

ТОП 3 ВЕЛЕДРОГЕРИИ ПО ПРИХОДИ

ВЕЛЕДРОГЕРИЈА ПРИХОДИ 2021 ПРИХОДИ 2021/2020 ДОБИВКА ДОБИВКА 2021/2020 ПРОСЕЧНА ПЛАТА
Зегин 73,8 милиони евра +2,47% 223.000 евра -30,2% 32.820 денари
Македонија лек 63,8 милиони евра +15,4% 1,4 милиони евра +17% 33.977 денари
Еурофарм 49,6 милиони евра +4,3% 1,35 милиони евра – 3,36% 32.019 денари

Позиционирањето на компаниите со најголема добивка во 2021 година се изменило во однос на 2020 година.  Минатата година најголема добивка, од 6,5 милиони евра направило Друштвото за трговија, производство и услуги „Промедика“, а во 2020 неговата добивка била многу помала и изнесувала 1,4 милиони евра. Во 2020 година, најголема добивка имала веледрогеријата „Биотек“ кога остварила профит од 2,5 милиони евра, а сега, таа иако со раст на добивка и со релаизиран профит од 3,7 милиони евра, сепак е истисната на второто место по добивки.

Целата анализа е достапна на следниот линк.

извор: „ПАРИ“

фото: „ПАРИ“