Нема правда за Македонија тивко со наведната глава и солзи во очите вели 80 годишниот дедо Вангел од Пустец, кој како и сите жители на Мала Преспа, будно следи што се случува во нашата Македонија. Заради грците велат го сменавме името, сега не толчат бугарите и нема да сопрат,но ние не смееме да потклекнеме.
Ние не знаеме што сме што сме, албанци, македонци, грци. Зошто ? Зошто така тера политиката, политичарите.Тоа што е ,да не лажеме,да не велиме дека јазикот е забранат. Јас имам 80 години, до сега и кога бевме порано помлади јазикот не ни е забранат. Гледај што велат овие политичарите од ДУИ, тие сакаат да ја држат работата ; 2. Ама што го сменавте името,јазк да ви е. Зорана барајте го да го обесат,а пак Груески не го даваше името, беше маж. И со Бугарија, Вам не Ве признава Бугарија до животно.. велат граѓаните.
Живеачката во Мала Преспа е многу тешка,младите се иселуваат, раскажува младиот Борче кој што завршил високо образование во Македонија и кој е загрижен за иднината на татковината,за нашиот индентитет,историја, за јазикот кој тие од другата страна на границата го негуваат и се обидуваат да се изучува и во средните училишта, не само во основните.
Нормално,не да не боли тоа е жалосно што се прави во Република Македонија,овде не можат да сфатат луѓето што се прави, жално е,жално затоа што колку што Ве боли Вам што сте од другата страна на границата, истото и нас и од двете страни исти луѓе живееме. Мора нешто да се смени, или да се знае вистината, што е проблемот вели Арбен Цале – жител на Пустец.
Господ да ни биде на помош, вели отец Алексо кој 2 децении е свештеник во црквата Свети Архангел Михаил во Пустец. Мала Преспа излезе од голема темница на безверие и во сета мачнина што не притиска како македонци,се радувам вели што барем се надмина 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА.
И тоа е навистина голема радост што неправдата се исправи.Лично мене честопати ми беше како навреда затоа што ние како македонци само тука имаме право на сослужување,а припаѓање на албанската православна црква, но нераскинлив дел од МПЦ рече Отец Алексо Темелко.
Ќе се молиме за нашата Македонија,ни рекоа мештаните на заминување од Пустец каде живеат 5.500 жители,етнички македонци. Заработувајќи колку за себе се занимаваат со сточарство и земјоделие,живеат сиромашно, но имаат богата душа македонска.
alfatv.mk