Васил Брезовски е 18-годишникот , македонец кој беше однесен во морето во Посеиди на Халкидики и беше прв спасен. Тој во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните сцени од неговото спасување.
-Отидовме да пливаме со моите пријатели на место кое тогаш беше мирноо, немаше проблеми ниту високи бранови, ниту многу ветар. Но, за две минути без да сфатиме, се се смени раскажува Васил.
-Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето, додава Васил.
Притоа тој додава дека се обидувал да остане смирен и над површината од водата.
-До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди, вели Васил.
За негова среќа, сурфер му пришол каде што бил на местото , но неможел да му помогне, но му рекол да остане смирен и почека додека најбрзо дојде помош. Сурферот ја известил крајбрежната стража, ја кажал точнта локација.
Васил останува во болницата Полигирос, а само што дознал дека е најден и вториот негов другар, жив и здрав и се надева дека ке биде пронајден и третиот другар.
a1.mk