Македонскиот државјанин кој 19 часа помина во водите на Егејското Море се спасил држејќи се за топка која ја донел ветерот

Македонецот Иван, кој вчера ја организирал забавата за својот 30-ти роденден, што се претвори во голгота за него и двајцата другари, успеал да преживее повеќе од 18 часа во водите на Егејското Море, држејќи се за топка која ја донел ветерот, ѝ кажал тој на градоначалничката на Касандра на Халкидики.

Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што безмалку 19 часа се борел со брановите. Во неколкуте зборови што им ги кажа на новинарите, тој рече дека тоа што бил спасен е најголемиот подарок за неговиот роденден. Татко му и брат му, кои со часови беа на еден од бродовите, се втурнаа во неговите прегратки, видно олеснети што голготата е завршена, а Иван е жив и здрав, пишува весникот.

https://www.youtube.com/watch?v=M_NlI7Qxh1c&ab_channel=%CE%9A%CE%B1%CE%B8%CE%B1%CF%81%CE%AE%CE%94%CF%8D%CE%BD%CE%B1%CE%BC%CE%B7

На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата биле братот и таткото на спасениот, кои од Северна Македонија пристигнале на Халкидики.

Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28- годишен македонски државјанин.

видео: Καθαρή Δύναμη