(ФОТО) Водителката Елена промени две венчаници на својата свадба

Водителката Елена Стефановска, во јавноста позната како Елена-Живот со стил (поради истоимената емисија која ја води веќе 12 години), вчера направи свадба за паметење во скопскиот хотел „Double Tree by Hilton.“

Пред најблиските пријатели, роднини и соработници го склучи граѓанскиот брак со нејзиниот избраник и нејзина најголема љубов – Бојан Најдоски.

Водителката се преслече два пати. Во првиот дел од прославата носеше романтична, светкава и раскошна бела венчаница со тул кој се влечеше по земјата, од брендот „Mila nova“, косата и беше собрана во бујно опавче, а целосниот стајлинг беше заокружен со круна и вел на главата кој исто така паѓаше до подот.

Првиот свадбен танц го одиграа по италијански ноти во изведба на Павле Камиловски, а потоа присутните ги забавуваше популарниот Никола Роквиќ. Еве дел од атмосферата низ фотографии.

 

kurir.mk