Демонстрантите во Шри Ланка кои вчера влегоа во резиденцијата на претседателот Готабаја Рајапакса открија во неа „милиони рупии“, пишува денеска локалниот весник „Дејли мирор“.
Демонстрантите наводно „откриле голема сума пари внатре во вилата“, а на социјалните мрежи се објавуваат видеа од луѓе кои бројат банкноти.
Еден милион рупии се околу 12.500 евра.
Како што наведува Дејли Мирор, „откриените пари се предадени на безбедносните сили“.
Демонстрантите вчера влегоа и пливаа во базенот на резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, јадеа во кујната и останаа во неговите соби, а видео снимките од тоа беа споделени на Интернет.
Protesters returned all these money to the Police without looting it. And you saying protesters set fire to RW’s house? pic.twitter.com/ug6TuTdjqJ
— Priyanga|𝕏𝕏𝕏 (@crewforshoots) July 10, 2022
vesnik.com