Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон

0
512

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е овогодинешен освојувач на Вимблдон, и со тоа ја одбрани титулата освоена лани. Србинот во сетови 3-1 го совлада Ник Кирјос од Австралија.

Првиот сет го доби Кирјос кој го совлада Новак со 6-4. Во вториот Ѓоковиќ врати со 6-3, а во третиот исто така го доби Србинот со 6-4.

Третиот сет се играше поен за поен, а победникот беше одлучен во тај-брејк каде што Новак ги искористи грешките на Кирјос и славеше победа за својата седма титула на Вимблдон.

извор: ekipa.mk

фото: ФБ Новак Ѓоковиќ