Синот на Бекамови на меден месец со сопругата низ Европа

Бруклин Бекам е на меден месец со неговата сопруга Никол Пелц. Тие не се на една стационирани на една локација, туку патуваат низ повеќе места низ Европа.

Секое нивно движње е следено од фоторепортерите при што се уловени во ситуација во која Бруклин и купува букет на Никол и како џентлменски и отвора врата во ресторан.

Фановите на парот на социјалните мрежи се прашуваат од каде Бруклин има пари да и купува скапи подароци на сопругата, помеѓу кои е и вереничкиот прстен кој чинел 200.000 долари.

Но коментарите се насочени и кон Никол. Односно дека Бруклин се обидува да изгледа на џентлмен и грижлив сопруг, додека таа изгледа несреќно.

Тој сега прави серија епизоди наречени „Готви со Бруклин“, по што доби и критики затоа што беше откриено дека му требаат 100.000 долари за да сними една епизода.

info.mk