Мајката на Илон Маск, Меј Маск (74) уште еднаш отворено проговори за врската со нејзиниот најстар син и најбогатиот човек на светот.
Манекенката и активистка Меј Маск (74) често во јавноста зборуваше за врската со нејзиниот син, кој е познат како најбогатиот човек на светот и извршен директор на компаниите „Спејс икс“ и „Тесла“.
Како што вели Меј, отсекогаш се гледало дека Илон е создаден за големи дела, а од тригодишна возраст бил „бубалица“и го нарекувале „момчето гениј“.
Во манифестирањето на својот потенцијал многу му помогна неговиот брат Кимбал, кој работел со него во првата компанија „Зип2“.
Години подоцна, Илон Маск изгради вистинско богатство, но секогаш останал едноставен и скромен човек.
Тоа го потврдува и неговата мајка, која вели дека и покрај големото богатство и тоа што моментално е најбогатиот човек на светот, Илон многу малку е заинтересиран за недвижнини и дека „не поседува дури ниту куќа“, пренесува „Мирор“.
Како што вели, никаков луксуз не и се овозможен дури и кога го посетува во седиштето на „Спејс икс“ во Бока Чика, Тексас.
„Морам да спијам во гаражата. Не можете да имате фенси куќа во близина на место за лансирање ракети“, вели таа.
Иако можеби нема да го добие целиот луксуз и гламур кога ќе го посети својот син, тие двајца се многу блиски и таа е негова најголема поддршка.
Таа секогаш зборувала дека нејзините деца треба да ги следат своите соништа и да прават што сакаат.
„Тој треба да прави што сака. Му реков да не впушта во електрични автомобили и ракети, а тој не ме послуша.
ФОТО: Инстаграм