More

    Лукашенко стравува дека сериозниот европски конфликт може да прерасне во планетарен

    Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко стравува дека сериозниот европски конфликт може да прерасне во планетарен. Тој ова го изјави денеска, на проширениот состанок на националниот Совет за безбедност.

    – Не дај Боже тој (сериозен европски конфликт]) да се претвори во планетарен. Но, не започна ни во 2014 година. Тогаш за првпат влезе во акутна вооружена фаза. Но, што му претходеше на ова?, праша белорускиот лидер, кој е најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

    Според Лукашенко, непочитувањето на безбедносниот систем од страна на Западот довело до сегашната криза.

    Претседателот вели дека Западот имал цел да ги испровоцира Белорусија и Русија.

    – На сите им беше очигледно дека предусловите за конфликтот не исчезнаа, туку згора на тоа, Западот ги зајакна своите пристапи за милитаризација на регионот, ја вовлече украинската страна во оваа приказна со неостварливи ветувања за прием на земјата во Европската унија и НАТО, рече Лукашенко. – Тоа има само една цел – да нè испровоцира, пред сè Русија, смета белорускиот лидер.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img