Родителите со бебето тргна за Македонија, во Украина уште 50 Македонци

0
328

Бебето старо само неколку дена, што беше заглавено со своите родители во Харков, каде во моментов се водат најголемите борби, тргна на пат за дома. Мајката за Телма потврди дека се приклучиле на конвојот што треба да ги изнесе од Украина.  Семејството не можело да го послуша повикот на МНР да се извлечат од Украина пред инвазијата, затоа што чекале термин за породување. Бебето се родило само два дена пред почетокот на нападите. Евакуација чекаат уште 50 наши државјани, од кои 20 се во Киев, а останатите се во други градови, објави Телма.

Од МНР им порачуваат на нашите државјани дека, е договорено со конзулатите и амбасадите на Романија, Молдавија, Полска и балтичките држави да им помогнат и доколку можат, слободно да им се обратат за помош. Се разговара и со Турција, да се приклучат кон нивните конвои.

Текстот во целост на: Телма.

фото:

The Telegraph