Пакет од 26 мерки за заштита на животниот стандард – Леб, шеќер, брашно, масло, млеко, свежо месо, ориз и јајца ќе се продаваат без ДДВ

Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите.

Мерките се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи.

-Во делот на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите се следните: Ја намалуваме повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно тип 300, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите на основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме на наднормален профит,а ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовиот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи. Предвидуваме субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи. Воведуваме автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, рече Ковачевски.

Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории…

Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории…

– Предизвиците пред нас се огромни. во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.