Дали задолжителното носење маски во училиштата ќе премине во право на избор на родителите? Ова е една од точките за кои ќе се разговара на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, откако скринингот покажа дека нема широка распространетост на вирусот во образовните установи. Од над 2000 тестирани помалку од 1 процент ученици биле позитивни.
-Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така да сметаме дека сме во фаза ан смирување на четвртиот бран, изјави министерот за здравство Беким Сали.
Иако Комисијата уште пред 1 месец препорача сертификатот за прележаност наместо 45 да важи 180 дена ова сеуште не е стапено на сила, бидејќи не е поминато ниту на кризниот штаб ниту на седница на Влада.
-Ова ќе се најде на првата наредна седница на Главниот координативен кризен штаб, изјави Сали.
За дополнително олеснување на мерките бидејќи се намалува бројот на нови случаи ќе се одлучува идната недела до кога треба да заврши серолошкото тестирање за да се види каков имунитет за Ковид имаат граѓаните во земјава.
извор/фото: агенции