„ПАРИ“ АНАЛИЗИРА: Која банка загубила најмногу коминтенти поради затворањето на фирмите?

0
348

Статистиката на Централниот регистар објави дека минатата година се затворени 6.995 фирми. Толку сметки, всушност згаснале и во банките. Порталот „Пари“ врз основа на податоците од платформата БизнисМрежа.мк ги анализира згаснатите сметки, со цел да покаже колку коминтенти загубиле банките.

Податоците покажуваат дека фирмите што веќе не постојат најмногу влијаат врз НЛБ банка каде се затвориле 1.361 сметка, потоа е Комерцијална банка каде примарна сметка имале 1.281 фирми кои се веќе згаснати, па на трето место е Стопанска банка која загубила 1.163 коинтенти, на четвротото место по загубени коминтенти поради престанок со работа е Халк банка (759 правни субјекти) и на петтото место е ТТК банка (423 правни субјекти).

Згаснати сметки поради затворање на фирмите

ДЕПОНЕНТ БАНКА ВКУПНО СУБЈЕКТИ
 НЛБ  Банка А. Д. Скопје 1.361
Комерцијална Банка А. Д. Скопје 1.281
Стопанска Банка А. Д. Скопје 1.163
Халк Банка А. Д. Скопје 759
ТТК Банка А. Д. Скопје  423
Охридска Банка А. Д. Скопје 380
Универзална Инвестициона Банка А. Д. Скопје 342
Централна  Кооперативна Банка А. Д. Скопје 224
Шпаркасе Банка Македонија А.Д. Скопје 221
ПроКредит Банка А. Д. Скопје 219
Стопанска Банка А. Д. Битола 142
Алфа Банка А.Д. Скопје 119
Еуростандард Банка А. Д. Скопје   67
Капитал  Банка А. Д. Скопје  26
Останати 268
Вкупно 6.995

СЕКОЈА ТРЕТА ЗАТВОРЕНА СМЕТКА Е ОД ФИРМА ОД ТРГОВИЈАТА

Податоците на платформата БизнисМрежа.мк откриваат и во кои дејности имало најмногу затворање на фирми и каде биле нивните сметки.  Според податоците, секоја трета затворена сметка е од фирма од областа од трговијата.

Таму се затвориле дури 2.124 комании и со тоа се затвориле и нивните сметки. Трговските фирми кои ја згубиле бизнис-битката во текот на минатата година, најмногу сметки имале во Комерцијална банка – 415, потоа во НЛБ банка со 370 згаснувања и во Стопанска банка – Скопје со 349 згаснати сметки од избришани трговски фирми.

На второ место се компаниите од преработувачката индустрија. Се затвориле 801 фирма, а најмногу од нив, за примарна банка ја имале Стопанска банка –Скопје (159), потоа била НЛБ каде сметки имале 143 компании кои се веќе затворении, на трето била Комерцијална банка каде се затвориле сметките на 141 производна компанија.

Со шифра „објекти за сместување“, од Централниот регистар се избртишани 756 фирми, најголем дел од нив сметка имале во НЛБ (175), потоа во Халк банка (114) и од првата тројка на крај е Стопанска банка – Скопје каде се згаснале 110 сметки.

На четвртото место по згаснати компании во 2021 година се компании со шифра „други услужни дејности“ и ги има 548. Од нив по 121 сметка имале во Комерцијална и во НЛБ банка, а 100 во Стопанска банка – Скопје.

Во 2021 година згаснале и 518 компании што се занимавале со транспорт и складирање. На најголем дел од нив матична банка им била Стопанска банка – Скопје и таму се затвориле 105 сметки, на второ место е НЛБ со 94 затворени сметки и на трето – Комерцијална банка со 93 затворни сметки.

5 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

ДЕЈНОСТ ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ НАЈИЗБРАНА БАНКА ВТОРА ПО ИЗБОР БАНКА ТРЕТА ПО ИЗБОР БАНКА
Трговија 2.124 Комерцијална (415) НЛБ (370) Стопанска –Скопје (349)
Преработувачка индустрија 801 Стопанска – Скопје (159) НЛБ (143) Комерцијална (141)
Објекти за сместување 756 НЛБ (175) Халк (114) Стопанска-Скопје (110)
Преработувачка индустрија 801 Стопанска – Скопје (159) НЛБ (143) Комерцијална (141)
Други услужни дејности 548 НЛБ и Комерцијала (исто – по 121 сметка) Стопанска-Скопје (100) Халк (44)
Транспорт и складирање 518 Стопанска (105) НЛБ (94) Комерцијална (93)

 

НАЈМНОГУ ЗАТВОРЕНИ СМЕТКИ НА ФИРМИ ОД СКОПЈЕ, БИТОЛА, ТЕТОВО, КУМАНОВО И ГОСТИВАР

Од затворените компании 34,7 се наоѓаат во Скопје и тоа, очекувано, е најголемиот удел во вкупниот број на затворени компании. Притоа, најмногу од нив ја избрале за матична банка – Комерцијална и лани скопските фирми таму затвориле 707 сметки, потоа е НЛБ со 599 затворени сметки и Стопанска – Скопје со 314.

Во Битола, минатата година се затвориле 397 фирми, а за Стопанска банка-Битола тоа значело 83 затворени сметки, за ТТК банка-71 и за НЛБ  – 53 затворени сметки.

Тетово е трет град во кој има најмногу затворени фирми, во 2021 година клуч на врата ставиле 347 правни субјекти. Најмногу од затворените фирми имале сметка во ТТК банка – 106, па во Стопанска банка-Скопје – 50 и 37 имале во НЛБ.

Продолжи со читање на анализата на следниот линк: