More

    Вучиќ: На барање на С Македонија ќе испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вечерашната прес-конференција по повод растечката криза во светот предизвикана од конфликтот во Украина меѓу другото информираше дека ќе ѝ испорача на С. Македонија количество на пченка и пченица на наше барање.

    -На Северна Македонија и одобривме колку што ни побараа за да купат пченица и пченка. Предвидени се 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. Секогаш ќе имаме за регионот и за нивните потреби. И за БиХ и за Црна Гора и за Северна Македонија, рече Вучиќ вечерва.

    Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.

    -Во моментов имаме 123,6 милиони кубни метри гас, а Русите 164 милиони во складиштето во Банатски двор. Што се однесува до нашите потреби, ќе имаме доволно овошје и зеленчук, моравме да увеземе малку грашок, а останатото домати, краставици, цреши, цреши, доволно ни е. Млекото во прав сега ви е како респиратор. Потпишуваш договор, а не знаеш дали ќе стигне. Од се останато имамо доволно, шеќер, масло, се, рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img