More

    Половина милион луѓе погодени од поплавите во Австралија

    Петстотини илјади луѓе се погодени од поплавите што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд во австралиската држава Нов Јужен Велс и во главниот град на државата, Сиднеј, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Доминик Перотет, премиерот на Нов Јужен Велс, одржа прес-конференција во Сиднеј на која информира дека на 500.000 луѓе низ државата им е наредено да се евакуираат од своите домови поради обилните дождови кои се очекуваат денеска.

    Соопштувајќи дека ситуацијата ќе се влоши, премиерот Перотет рече: „Голем број луѓе денеска се разбудија согледувајќи дека поголемиот дел од нашата држава е под вода.“

    Тој соопшти дека нивото на водата во некои области ќе биде повисоко од минатогодишните разорни поплави: „Очекуваме поплавите да бидат полоши од минатогодишните, особено во областа Хоуксбери, а поројни врнежи од дожд и поплави во текот на денот ќе ги зафатат подрачјата на Њукасл и Хантер.“

    Вкупно 14 лица ги загубија животите во поплавите кои од викендот досега ги зафатија подрачјата на сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд.

    Додека трае потрагата по 5 лица за кои беше соопштено дека се водат како исчезнати во поплавите од кои се погодени стотици илјади луѓе, дадено е предупредување дека може да се зголеми бројката на починати.

    Најавувајќи дека обилните дождови ќе продолжат проследени со силен ветер, Бирото за метеорологија на Австралија соопшти дека лошите временски услови ќе попримат димензии кои би биле многу опасни за животите на жителите.

    Постои загриженост дека новите дождови ќе предизвикаат нови поплави бидејќи речните корита во моментов се полни над сопствените капацитети.

    Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    24.8 ° C
    24.8 °
    24.8 °
    57 %
    1.5kmh
    0 %
    Fri
    24 °
    Sat
    36 °
    Sun
    30 °
    Mon
    22 °
    Tue
    29 °
    spot_imgspot_img